Ekipa
28 Јули 2018•Ажурирај: 29 Јули 2018
АТИНА (АА) - Грчкиот премиер Алексис Ципрас вчера презеде политичка одговорност за катастрофалните шумски пожари кои ја зафатија периферијата на Атина во текот на оваа недела, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ве повикав тука денес, пред сè, да преземам целосна политичка одговорност за оваа трагедија, пред мојот Кабинет и грчкиот народ“, изјави Алексис Ципрас.

Ципрас додаде дека се прашува дали ја сториле вистинската работа или не, нагласувајќи дека не можат да побегнат од нивната одговорност како грчки лидер и Влада.
Тој изјави дека грчката Влада поминува низ својот најмрачен час и дека е нивна должност да ја кажат вистината во чест на загинатите лица.
„Доколку треба да извадиме булдожери и да се бориме, нема да чекаме да дојде до следната трагедија“, изјави тој за годините на градење на илегалните куќи по должината на крајбрежјето на Грција.
Во пожарот што ја зафати околината на Атина, кој е еден од најсмртоносните пожари во скорешната историја на Грција, загинаа најмалку 85 лица, додека повеќе од 1.000 куќи се уништени.