Kanyshai Butun
04 Септември 2026•Ажурирано: 04 Септември 2026
Москва и Пекинг разговараат за проект за снабдување на Кина со руски гас, изјави денес рускиот вицепремиер Александар Новак, јавува Анадолу.
„Се подготвуваме да започне со работа трасата кон Далечниот Исток и да го продолжиме дијалогот за други перспективни траси за снабдување на Кина со руски гас, вклучително и проектот 'Моќта на Бајкал'“, истакна тој, објави руската новинска агенција Тасс.
Новак ги даде овие изјави на руско-кинескиот состанок за енергетика на маргините на Источниот економски форум во рускиот пристаништен град Владивосток.
Новак рече дека двете земји, исто така, развиваат заеднички проект за екстракција и втечнување на гасот во Арктикот и изградба на балтички комплекс за преработка на гас што содржи етан.
Тој нагласи дека извозот на гас преку гасоводот „Моќта на Сибир“ постојано се зголемува.
Во средата Москва ја преименува втората фаза од „Моќта на Сибир“ во „Моќта на Бајкал“.
Проектот има цел да ја снабдува Кина со 50 милијарди кубни метри руски гас годишно преку Монголија.
Новак додаде дека Русија, исто така, е подготвена да разговара со Кина за нови проекти за нуклеарна енергија, обука на експерти и истражување на напредни нуклеарни технологии.