Gökhan Ergöçün
06 Октомври 2026•Ажурирано: 06 Октомври 2026
Саудиска Арабија го врати оперативниот капацитет за транспорт на 5,8 милиони барели нафта дневно преку нафтоводот „Исток-Запад“, соопшти денес министерот за индустрија и минерални ресурси на земјата, јавува Анадолу.
Принцот Абдулазиз бин Селман изјави дека капацитетот на нафтоводот е обновен и дека работата започнала утринава, пренесе „Ал-Авсат“.
Нафтоводот „Исток-Запад“ служи како главна траса за транспорт на сурова нафта во Саудиска Арабија, поврзувајќи ги источните производни области со извозните пристаништа на Црвеното Море.
Поради прекинот на протокот на нафта низ Ормускиот Теснец, Саудиска Арабија го користеше овој нафтовод за пренасочување на нафтата кон Јанбу.
Бин Селман ја соопшти оваа информација на панел-дискусијата на форумот „ГЦЦ 2026“ во Манама, главен град на Бахреин.