Ekip
13 Јануари 2017•Ажурирај: 14 Јануари 2017
ТОКИО (AA) - Јапонскиот производител на автомобили „Тојота“ соопшти дека повлекува 543.000 возила во Соединетите Американски Држави поради неисправните воздушни перничиња на компанијата „Таката“ на совозачкото место, јавува Anadolu Agency (AA).
Компанијата „Таката“ е во центарот на вниманието во масовното повлекување на возила на „Тојота“ поради тоа што воздушното перниче во возилата може да експлодира во случај на судир и да исфрли метални шрапнели.
„Тојота“ во петокот објави дека повлекувањето опфаќа различни модели на лимузини и теренски возила произведени во периодот меѓу 2006 и 2012 година. Меѓу нив се моделите Scion xB, Corolla, Corolla Matrix, Yaris, 4Runner, Seinna и Lexus.
„Таката“ употребува амониум нитрат за да предизвика помала експлозија за активирање на воздушните перничиња во случај на судир. Досега во светот загинале најмалку 16 луѓе, а 180 се повредено.
Повеќе од 100 милиони возила, дури од 17 произведувачи на автомобили се повлечени од целиот свет поради проблемот со воздушните перничиња на „Таката“. Од оваа бројка, дури 69 милиони се повлечени во САД. Поради обемот на повлекување, замената на воздушните перничиња ќе трае неколку години.