Sibel Morrow
25 Ноември 2022•Ажурирај: 28 Ноември 2022
ЛОНДОН (АА) - Цените на нафтата на светскиот пазар се зголемија денеска откако вложувачите ги охрабри падот на американскиот долар, бидејќи тоа за нив значи поевтина нафта индексирана во долари, јавува Агенција Анадолија (АА).
Сепак, влошената ситуација со пандемијата на Ковид-19 во Кина го ублажи натамошниот раст на цената на нафтата.
Меѓународната референтна цена на нафтата „брент“ утринава изнесуваше 85,59 долари за барел по растот на цената од 0,29 отсто.
Американската референтна вредност „Вест Тексас интермедиејт“ (WTI) се тргуваше за 78,39 долари за барел, откако порасна за 0,57 отсто.