Gökhan Ergöçün
23 Септември 2022•Ажурирај: 24 Септември 2022
ИСТАНБУЛ (АА) – Британската фунта денеска падна на 1,1187 во однос на американскиот долар, што е најголем пад во последните 37 години, јавува Агенција Анадолија (АА).
Падот се случи еден ден откако Федералните резерви на САД ја зголемија каматната стапка за 75 базични поени, а Банката на Англија, за 50 базични поени.
Тоа е првпат стапката на британската фунта во однос на американскиот долар да падне под 1,12 од јануари 1985 година.