Ata Ufuk Şeker
07 Октомври 2021•Ажурирај: 08 Октомври 2021
БРИСЕЛ (АА) - Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, истакна дека снабдувачите на природен гас, кои не го зголемија производството, и покрај побарувачката, се одговорни за неодамна зголемените цени на енергијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Фон дер Лејен, во воведниот говор на Самитот за одржливи инвестиции во ЕУ организиран преку видеоконференција, рече дека има глобално зголемување на цените на енергијата и дека е неопходно да се намали зависноста од фосилни горива како што се природниот гас, нафтата и јагленот.
Фон дер Лејен, наведувајќи дека економиите низ светот почнаа да закрепнуваат, рече: „Производителите на гас не ја зголемија понудата, и покрај зголемената побарувачка. Со тоа, цените на гасот на големо речиси двојно се зголемија во споредба со минатата година.“
Посочувајќи дека цените на обновливите извори на енергија останаа стабилни во овој период, Фон дер Лајен додаде: „Решението против зголемувањето на цените на електричната енергија на долг рок е Европскиот зелен договор и обновливите ресурси.“
Меѓу другото, Фон дер Лајен наведе дека ќе ги забрзаат напорите да станат понезависни во енергетиката и дека секое средство кое ќе биде потрошено за обновлива енергија, ќе им помага на потрошувачите и на планетата.
Посочувајќи дека во последно време постои свест за климатските промени низ целиот свет, Лајен рече дека се промениле и инвестициските навики на луѓето и дека перцепцијата за инвестирање во фосилни горива, која се сметаше за безбедна и рационална пред 10 години, денес е многу поразлична.
Нагласувајќи дека на светот му се потребни големи инвестиции за финансирање на транзицијата кон поодржлива економија, Фон дер Лајен нагласи: „За да ги постигнеме нашите климатски цели, секоја година треба само да инвестираме 2,5 проценти од глобалниот приход во енергетските системи.“