Ivana Ramadanova
27 Мај 2016•Ажурирај: 28 Мај 2016
СКОПЈЕ - (АА) Жени претприемачки од Македонија, Албанија и Косово денеска во Скопје одржаа конференција на која разговараа за предизвиците со кои се соочуваат во издржување на нивните фирми, јавува Anadolu Agency (AA).
Според организаторите, конференцијата е во рамки на програмата за зајакнување на капацитетите на жени претприемачи од Македонија, Албанија и Косово со фокус на иновативни бизниси.
„Од ноември па се до денеска имплементираме регионален проект во Македонија, Косово и Албанија. Од сите три земји имаме вкупно 20 жени претприемачи од средни и мали претпријатија. Целта на овој проект е да погледнеме во нашите организации, претпријатија и вештини што ние како индивидуи ги имаме за да можеме да го унапредиме нашиот бизнис. Најважното за еден бизнис е лидерот на фирмата и кога разговараме со потенцијални донатори или помагачи на бизнисот кој го нудиме, најважно е да се види лицето на организацијата и фирмата и кој се неговите квалитети. Постигнавме прекрасни резултати овие шест месеци и со тоа нашите учеснички се чувствуваат многу посигурни во себе", изјави Карен Комарат од Холандија.
Покрај 20 ментори кои бе учесници во оваа програма, според организаторите има и 20 менторирани. Тие велат дека сите едукации кои беа пружени на менторите и учесниците на овој проект не останаа само за нив туку тие пробаа својот талент да го проследат и до своите менторирани.
Учесничките имаа можност да престојуваат во Холандија, каде што повеќе од половина веќе остварија соработка со фирми и компании од оваа земја. Еден од најголемите резултати е изградбата на мрежа на претприемнички која и понатаму ќе продолжи да фунционира. Проектот е поддржан од Холандска амбасада.