Hasan Tosun
04 Декември 2015•Ажурирај: 05 Декември 2015
ВИЕНА (АА)- Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) одлуката за квотите во врска со производството на нафта ги одложи за состанокот во јуни јавува Anadolu Agency (AA).
Претставниците на земјите на ОПЕК одлучија дневното производство на нафта да го задржат на моменталното ниво .
На денешниот состанок претставниците на ОПЕК не успеаа да донесат одлука за обемот на производство на нафта.
Инаку, 168. Состанок на министрите на кој до израз дојдоа спротивни ставови, траеше околу пет часа.
Иранскиот министер за нафта Бијан Намдар по состанокот на новинарите им изјави дека не успеаа да донесат нова одлука за да се смени нивото на производство на нафта. .
Истакна дека состаноците на претставниците на земјите членки на ОПЕК ќе продолжат.
Претставниците на Нигерија исто така потврдија дека производството на нафта ќе остане на досегашно ниво.
Инаку, 169 Состанок на министрите ќе се оджи на 2 јуни 2016 година во Виена.