Gökhan Ergöçün
29 Септември 2021•Ажурирај: 30 Септември 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Индексот на економска доверба во Турција го достигна највисокото ниво од април 2018 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турската агенција за статистика, ТуркСтат, објави дека Индексот на економска доверба се зголемил за 1,6 отсто на месечно ниво во септември, на 102,4.
Зголемувањето следеше по порастот на индексите на доверба на потрошувачите, реалниот сектор, услугите и малопродажбата, покажуваат податоците на ТуркСтат.
Вредноста над 100 укажува на оптимистички изгледи за општата економска ситуација, додека вредноста под 100 укажува на песимистички изгледи.
Индексот за економска доверба е широк показател за довербата на граѓаните во националните економски услови.