Besar Ademi
05 Февруари 2016•Ажурирај: 06 Февруари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Во Комората на занаетчии на Македонија се одржа свеченото затворање на твининг проектот "Обука за стекнување на вештини за интеграција на пазарот на трудот", финансиран од Европската унија во износ од 406 илјади денари за поддршка на Агенцијата за вработување во спроведување на мерките на пазарот на трудот, јавува Anadolu Agency (AA).
Покрај Македонија, партнери во процесот на соработката, исто така се асоцијациите на Република Германија и Литванија. Целта на проектот е создавање на обиди на партнерство и нови начини за развој на нови можности за вработување на жените во областа на занаетчиството.
Претседателот на Комората на занаетчии на Македонија, Никола Димитров, рече дека целта на обуката е да се создаде систем за образование на возрасните во согласност со законите на образованието, кој ќе им помогне во нивниот личен и економски развој.
Мартин Kлаук од Делегацијата на ЕУ во Скопје, рече дека преку овој проект, Македонија има воспоставено контакти со меѓународните компании на Холандија и Данска и врз основа на тоа, додаде дека само заедничките чекори ќе доведат до успех.
"Со помош на мерките преземени од страна на проектот, 15 невработени жени се стекнаа со вештини кои се вредни и важни за локалниот пазар на трудот. Со помош на овие мерки и спроведувањето на овој проект им се овозможува на жените да ги откријат своите таленти и креативности", рече Kлаук.