Bekim Laci
18 Јануари 2016•Ажурирај: 19 Јануари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Потребно е преземање на мерки со цел заштита на домашната мелничка индустрија, која според укажувањата на мелничарите е пред тотален колапс, а некои компании веќе најавуваат можно затворање, истакнаа на денешната прес-конфенреција од Мелничко-пекарската групација при Стопанска комора на Република Македонија, на која беа претставени предизвиците за 2016 година за овој сектор, јавува Anadolu Agency (AA).
Васко Ристовски од Стопанската комора на Македонија денеска на прес-конференција посочи дека е потребно итно преземање на мерки со цел заштита на домашната мелничка индустрија. Според него, најголемиот ризик за производителите во Македонија претставуваат неконкурентните цени на увозното брашно.Многу производители најавија дека ќе ги затворат погоните што истовремено претставува и отпуштање на вработените.
"Причините за ова се неконкурентните цени на домашна пченица во времето на жетвата и исто така, нејзиниот квалитет. Во одредени периоди од годината цената на увезената пченица е многу блиску до цената на увезената брашно, што предизвикува проблеми во пекарската индустрија во целина ", рече Ристовски.
Тој објасни дека претставниците на мелничко-пекарската индустријата имале состаноци со релевантните министерства при што се се согласиле за условен увоз на 3-1 или 4-1, што на крајот резултираше со поскапување на домашното брашно и неефикасност.
Друго прашање кое му се припишува на оваа ситуација се правилата на ЦЕФТА со кои се дефинираат овие мерки во 90 дена.
Ристовски рече дека квалитетот на жито во Македонија е релативно лошои само во областа на Пелагонија може да се спореди со европско ниво, но како што е објаснето, цената на брашното увезено од Србија е приближно иста како цената на увезената пченица, што претставува голем проблем проблем за индустријата во земјата.
Тој зборуваше за прописите за 2010 година за контрола на квалитет на брашното на пазарот, кои, според него, не се целосно имплементирани, бидејќи увезеното брашно не е предмет на анализа на акредитираните лаборатории.
Анализите на мелничката индустрија при Стопанската комора на Македонија покажуваат дека за период од четири години практично за околу 30 проценти е зголемен увозот на брашно на годишно ниво. Минатата година за 11 месеци се увезени 40.511 тони брашно, што го надминува вкупниот увоз од 40.361 тон брашно во 2014 година. Увезената пченица, пак е на приближно исто ниво од околу 85 илјади тони.