Emre Gürkan Abay
12 Февруари 2021•Ажурирај: 17 Февруари 2021
МОСКВА
Нето-добивката на најголемата нафтена компанија на Русија, „Роснефт“, во 2020 година се намали на 147 милијарди рубљи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на оваа компанија, нето-добивката на „Роснефт“ во 2020 година се намалила за 79,1 отсто во споредба со претходната 2019 година, односно се намали на 147 милијарди рубљи (околу 2 милијарди долари).
Се истакнува дека во овој период, производството на течни јаглеводородни ресурси се намали за 11,4 отсто, односно на 204 милиони тони.
Во соопштението се нагласува дека добивката пред оданочувањето со пад од 42,6 отсто се намали на 1,2 билиони.
Од друга страна, нето-добивката на „Роснефт“ во 2019 година се зголеми за 29 отсто во споредба со 2018 година, односно се зголеми на 708 милијарди рубљи.