Emre Gürkan Abay
26 Мај 2020•Ажурирај: 27 Мај 2020
МОСКВА (АА) - Нето-добивката на руските банки во месец април е намалена за 83 отсто во однос на претходниот месец, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Централната банка на Русија соопшти дека нето-добивката на банките во земјата во април паднала на 32 милијарди рубљи.
Нето-добивката на руските банки во март изнесуваше 192 милијарди рубљи, а минатиот месец падна на 32 милијарди рубљи или 451 милион американски долари.
Се наведува дека 63 отсто од сите банки во април сепак оствариле одредена добивка.
Од Централната банка на Русија потсетија дека нето-добивката на руските банки во 2019 година пораснала за 73 отсто во однос на претходната година и достигнала 1,7 билиони рубљи.