Furkan Naci Top
28 Мај 2019•Ажурирај: 29 Мај 2019
АТИНА (АА) – Изјавата дека ќе има предвремени парламентарни избори во Грција, откако беа познати резултатите од изборите за Европскиот парламент, се рефлектира позитивно на економските индикатори, пренесува Anadolu Agency (AA).
Грчкиот премиер Алексис Ципрас одлучи да се оди на предвремени парламентарни избори откако неговата партија остана 9 поени зад главната опозициска партија Нова демократија (НД).
Атинската берза вчера ја заклучи трговијата со пораст од над 6 проценти и 776,6 процентни поени. Каматната стапка на 10-годишни државни обврзници се намали на историски 3,08 проценти по објавувањето на одлуката за предвремени избори. Оваа стапка, вчера на крајот на денот, со намалување од 6 отсто, се реализираше со 3,16 проценти.
Во нормални услови изборите во Грција требаше да се одржат во октомври. Со одржувањето на изборите кон крајот на јуни, се толкува дека неизвесноста на пазарите ќе биде елиминирана што е можно поскоро.