Murat Temizer
04 Ноември 2022•Ажурирај: 06 Ноември 2022
ВАРШАВА (АА) - Полска поднесе тужба до Европскиот суд на правдата поради регулативите на Европската Унија за редукција на потрошувачката на гас донесени во јули, наведувајќи дека регулативите не биле едногласно прифатени од Блокот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Заменик-министерот за правда на Полска, Себастијан Калета, преку својот твитер-профил порача дека регулативата е спротивна на договорите.
Калета наведе дека правото на вето на Полска е блокирано, иако тоа е јасно наведено во договорите.
„Ова е многу важно бидејќи ЕУ, која веќе неколку години по ред носи нови решенија во областа на енергетиката, ја лиши Полска од можноста да го искористи правото на вето“, рече тој.
Калета истакна дека ЕУ се обидува да ја искористи енергетската криза за целосно да го преземе обликувањето на „енергетската кошница“ на континентот.
Во рамките на планот за вонредни состојби од јули, ЕУ од сите земји членки побара да ја намалат потрошувачката на гас за 15 отсто поради можноста за прекин на испораката на природен гас од Русија.