Rahmi Gündüz
06 Септември 2016•Ажурирај: 07 Септември 2016
ПАРИЗ (АА) - Раководството на „Ербас“ за време на официјалната посета на претседателот на Франција, Франсоа Оланд, во Виетнам, договори продажба на 40 патнички авиони на оваа држава, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на „Ербас“ за Азија, Шон Ли, на прес-конференцијата соопшти дека во врска со продажбата на 40-те патнички авиони, склучени се договори со три авиокомпании во Виетнам.
Портпаролот на „Ербас“ соопшти дека за 40 патнички авиони ќе бидат платени 5,82 милијарди евра. Според договорот, „Ербас“ на Виетнам ќе им ги продаде авионските модели „A320“, „A321“ и „A350“.
Со последниот потпишан договор, „Ербас“ од Нова година досега доби нарачка за 478 авиони.