Almir Terzic
09 Март 2016•Ажурирај: 10 Март 2016
САРАЕВО (АА) - Најголемата просечна плата на просторот на поранешна Југославија, според податоците од месец декември минатата година, е исплатена во Словенија и изнесувала 1.035,58 евра, додека најмалата е исплатена во Србија и тоа според податоците од јануари 2016 година и изнесувала 327 евра, јавува Anadolu Agency (AA).
Просечната исплатена нето плата по вработен во фирмите во Република Хрватска за декември 2015 година изнесувала 762 евра.
Истовремено, просечната заработувачка без данок и придонеси (нето) за јануари оваа година во Црна Гора изнесуваше 490 евра. Во однос на декември 2015 година, просечната (нето) заработувачка во јануари 2016 година забележа раст од 0,2 отсто. Просечната (нето) заработка во јануари 2016 година во однос на истиот месец претходната година забележа раст од 1,7 отсто, додека во однос на просечната (нето) заработувачка во 2015 година, исто така, забележа раст од 2,1 отсто.
Ако се има в предвид дека потрошувачките цени во јануари 2016 година во однос на декември 2015 забележаа пад од 0,9 отсто, произлегува дека реалната нето заработувачка во истиот период забележала пораст од 1,1 отсто.
Просечната плата во Босна и Херцеговина во декември минатата година изнесувала 430,50 евра, а во Македонија во истиот период исплатена е просечна плата од 373 евра (22.715 денари).
Просечната заработувачка без данок и придонеси исплатена во јануари 2016 година во Србија изнесувала 327 евра. Во споредба со просечната заработка без данок и придонеси исплатена во декември 2015 година, номинално е помала за 21,4 отсто и реално е помала за 21,9 отсто.
Просечната заработка исплатена во јануари 2016 година номинално е поголема за 2,9 отсто а реално е поголема за 0,5 отсто од просечната заработка исплатена во јануари 2015 година.Истовремено, просечната заработка без данок и придонеси исплатена во јануари 2016 година номинално е поголема за 2,9 отсто и реално е поголема за 0,5 отсто, во однос на просечната заработка без данок и придонес исплатена во јануари 2015 година.