Emre Gürkan Abay
10 Август 2020•Ажурирај: 12 Август 2020
МОСКВА
Приходите на Русија од извоз на нафта во периодот јануари - јуни оваа година се намалени за околу 35 отсто во спредба со истиот период минатата година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на руската Федерална царинска служба, обемот на извозот на нафта во првите шест месеци од 2020 година е намален за 2,6 отсто во споредба со истиот период минатата година, намалувајќи се на 125 милиони тони.
Приходот на Русија од извозот на нафта во овој период се намали за 34,8 отсто и изнесува 39 милијарди долари.
Во Русија, извозот на нафта и прореден гас сочинуваат околу 40 отсто од федералниот буџет.