Alperen Yurtoğlu
07 Јануари 2016•Ажурирај: 08 Јануари 2016
МОСКВА (АА) - По соборување на рускиот авион поради нарушување на турскиот воздушен простор, Владата на Русија донесе одлука да од први јануари 2016 година прекине со увозот на 17 различни производи, кои се однесуваат претежно на овошје и зеленчук.
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша одлука за санкции кон Турција на 28 ноември минатата година, а од тогаш до денес забележено е зголемување на цените на одредени артикли. Исто така, воведувањето на санкциите на патлиџанот во Турција поскапе за 16 отсто, а краставиците за 14,3 отсто, пишува Anadolu Agency (AA).
Експертите предвидуваат дека прехбамениот ембарго на Турција би можел да ја зголеми инфлацијата за околу 0,5 отсто до еден процентен поен, како и дека поради санкциите на Русија, која на овој начин ги губи меѓународните купувачи, би можеле да имаат голема штета и земјоделците на оваа земја.
Сепак, еден од посериозните проблеми за руската економија е инфлацијата, која според податоците на Рускиот завод за статистика во 2015 година изнесуваше 12,9 отсто.
Функционерите на руската Алфа банка порано предвидоа дека малопродажните цени во Русија во текот на 2016 година би можеле да бидат зголемени за осум отсто, но по санкциите кон Турција претпоставуваат дека тоа би можело да достигне и 10 проценти.
Извештај на Светската банка во кој се наведува податокот дека рускиот економски раст во 2015 година падна за 3,8 отсто, во оваа година би можел да биде намален за уште 0,7 отсто.
Рускиот претседател Путин во последните две години во повеќе наврати како мета ги зеде Западните земји, потоа Украина, па денеска Турција, со што ја придоби поддршката на националистичкото крило во својата земја. Тоа се случува и покрај паѓањето на животниот стандард во Русија.
RANHIGS, истражувачки центар кој делува при Светска банка и руската влада, предвидува дека официјалната стапка на сиромаштво во оваа земја во оваа година може да се искачи на 16 отсто, што е најголема стапка во последните 11 години.
Државниот истражувачки центар "VTSIOM" објави дека поддршката на народот за Путин е зголемена на 89 проценти, додека поддршката на руската војска е зголемена на 83 проценти.