Emre Gürkan Abay
08 Септември 2023•Ажурирај: 10 Септември 2023
МОСКВА (АА) - Буџетот на Русија забележа дефицит од 2,3 билиони рубљи (околу 23,4 милијарди долари) во првите осум месеци од годината, покажаа официјалните податоци објавени денес, пренесува Анадолу.
Според Министерството за финансии, приходите на буџетот на Русија се намалени за 3,5 отсто во првите осум месеци во споредба со истиот период минатата година, и паднаа на 17 билиони рубљи (173,2 милијарди долари).
Буџетските расходи се зголемени за 12 отсто на 19,3 билиони рубљи (196,7 милијарди долари).
Приходите од нафта и природен гас на земјата се намалени за 38,2 отсто, додека приходите од другите сектори се зголемени за 24,2 отсто.
Премиерот Михаил Мишустин денес изјави дека руската економија почнала да се адаптира на тешките услови и дека буџетот во август забележал суфицит од 230 милијарди рубљи (2,3 милиони долари).
Според прогнозите на Министерството за финансии, Русија се очекува да има буџетски дефицит од 2,9 билиони рубљи (29,5 милијарди долари) до крајот на годината.