Övünç Kutlu
24 Ноември 2016•Ажурирај: 24 Ноември 2016
ЊУЈОРК (АА) - Според податоците до кои дојде Anadolu Agency (АА), се очекува денес Американците да потрошат над 1 милијарда долари, за традиционалната мисирка на Денот на благодарноста.
Според непрофитната организација Американско сојузно земјоделско биро (AFBF), просечната цена за една мисирка со тежина од околу 7,5 килограми оваа година изнесува 22,74 долари.
Податоците од малопродажбата укажуваат дека за Денот на благодарноста, оваа година во САД се очекува да се продадат околу 45 милиони мисирки, со што се предвидува дека ќе бидат потрошени 1 милијарда американски долари.
Според АФБФ, околу 275 милиони Американци, или 85 отсто од вкупно 324 милиони жители на САД, се очекува дека ќе имаат мисирка на денешната празнична трпеза.
Исто така, организацијата проценува дека просечната цена на овогодишната трпеза за Денот на благодарноста за 10 луѓе ќе изнесува 49,87 долари, што е намалување од 0,24 долари во просек, за разлика од минатогодишниот просек од 50,11 долари.
Ова значи дека просечен Американец може за помалку од 5 долари да ужива во трпезата за Денот на благодарноста.
„Паднаа фабричките цени на многу производи, вклучувајќи ја и цената на мисирката, од највисоката цена досега во минатата година“, изјави директорот за истражување на пазарот при АФБФ, д-р Џон Њутон.
Околу 48 милиони Американци ќе патуваат за Денот на благодарноста за да бидат со своите семејства.
Денес започнува викендот на Денот на благодарноста, ден пред Црниот петок (Black Friday) кога трговците нудат промотивни распродажби низ целата земја, со што ќе се забележи пораст на приходот на малите бизниси.