Ekipa
19 Октомври 2017•Ажурирај: 20 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - Светската банка ja зголеми прогнозираната стапка на економски раст на Турција за оваа година, според извештајот за миграција и мобилност, објавен денес, пренесува Anadolu Agency (AA).
Економскиот раст на Турција се очекува да порасне за 4 отсто во 2017 година, наспроти претходната проценка на банката за раст од 3,6 отсто од месец април.
„Турција покажа извонредно силен раст на БДП по глобалната финансиска криза, главно поради ефективниот фискален стимул“, велат од Светската банка.
„Земјата оствари засилен раст во првата половина од 2017 година што доведе до повисок очекуван раст отколку во другите делови на Европа и во регионот на Централна Азија“, се додава од Светската банка.
Банката, исто така, ја ревидираше прогнозата за економски раст на Турција на 3,5 отсто за 2018 година, од 3,9 отсто.
Зголемувањето на стапката на раст дојде откако Меѓународниот монетарен фонд (IMF) ја зголеми прогнозата за економскиот раст на Турција за 2017 година за 2,6 процентни поени во извештајот објавен на 10 октомври.
ММФ прогнозираше дека економскиот раст на Турција ќе порасне на 5,1 отсто, што е за 2,6 процентни поени повеќе во споредба со претходната прогноза од 2,5 отсто.