Tuba Şahin
04 Ноември 2021•Ажурирај: 05 Ноември 2021
АНКАРА (АА) - По растот трет месец по ред, цените на храната во светот во октомври се зголемија на ново рекордно ниво во историјата, соопшти денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (FAO), јавува Агенција Анадолија (АА).
Индексот на цените на храната на ФАО се зголеми за 3 отсто во споредба со минатиот месец, достигнувајќи 133,2 поени во октомври.
ФАО објави дека постои особено забележливо зголемување на цената на растителните масла и житариците.
Индексот на цените на житариците се зголеми за 3,2 отсто на месечна основа, а цените на пченицата во светот се зголемија за 5 отсто поради намалувањето на глобалната достапност поради помалку жетви кај големите извозници.
Индексот на цените на растително масло се зголеми за 9,6 % отсто на месечно ниво во октомври, достигнувајќи највисоко ниво досега.
Индексот на цените на млечните производи се зголеми за 2,2 отсто во однос на септември, како резултат на поголема глобална увозна побарувачка за путер, млеко во прав и полномасно млеко во прав.
Подиндексот на цената на шеќер се намали за 1,8 отсто, а на месото, 0,7 отсто на месечно ниво.