Elena Teslova
14 Септември 2026•Ажурирано: 14 Септември 2026
Испораката на природен гас од Русија кон Ерменија привремено ќе биде прекината од 15 до 25 септември поради планирани работи за одржување и поправка на главен гасовод во Русија, соопшти денес подружницата на руската енергетска компанија „Гаспром“ во Ерменија, јавува Анадолу.
Од компанијата наведоа дека прекинот ќе влијае на испораките преку главниот гасовод „Северен Кавказ – Закавказје“, каде што на руска територија ќе се изведуваат планирани превентивни работи и поправки.
„Поради низа планирани превентивни работи и поправки на главниот гасовод 'Северен Кавказ – Закавказје' на територијата на Руската Федерација, испораката на природен гас за Ерменија преку споменатиот гасовод привремено ќе биде прекината од 15 до 25 септември“, се наведува во соопштението.
Компанијата истакна дека прекинот нема да влијае на сигурноста на снабдувањето со гас за ерменските потрошувачи.
„Во овој период, непречено и сигурно снабдување со гас за потрошувачите во републиката ќе се обезбедува без ограничувања, преку домашните резерви и дополнителните количини природен гас испорачани од Иран“, се додава во соопштението.