Fatjon Cuka
09 Декември 2015•Ажурирај: 10 Декември 2015
ТИРАНА (АА) - Во присуство на претприемачи и акредитирани дипломати, меѓу кои и амбасадорот на Србија во Албанија Мирољуб Зариќ, денес во Тирана беше свечено отворена Албанско-српската комора за трговија, економија и индустрија, јавува Anadolu Agency (AA).
Основањето на оваа институција ќе послужи за јакнење на регионалната соработка во целина, посебно соработката помеѓу Албанија и Србија, речено е на конференцијата за медиуми по свеченото отворање.
Претседателот на Албанско-српската комора за трговија, економија и индустрија Владимир Цука, истакна дека институцијата со која тој раководи ќе донесе важна одлука, посебно во соработката на Албанија и Србија.
„Наш интерес е да се зајакнат сите полиња на регионалната соработка, посебно оние економските, паралелно со реципрочните интереси. Туристичките ресурси на Албанија се од голем интерес за оние кои сакаат да инвестираат во Албанија, посебно српските компании. Уверени сме дека мисијата на оваа економска институција ќе биде позитивен промотор на финализација на многу економски проекти во интерес на двете држави“, изјави Цука.
Истакна дека оваа институција ќе послужи како мост кој ќе ги поврзува компаниите од Албанија и Србија, како и гаранција во деловните односи помеѓу двете земји.
Претседателот на Трговско-индустриската комора на Тирана, Николин Јака, кажа дека Стопанската комора на Србија инсистирала на присуството на српското претприемништво во Албанија. Потсети и на соработката на стопанските комори на земјите од Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес, која, како што кажа, овозможила регионот да се соедини во економските проекти и трговската размена, оставајќи ги настана сите видови предрасуди.