Sinan Özmüş
17 Февруари 2025•Ажурирај: 19 Февруари 2025
АНТАЛИЈА (АА) - Туркије, најголемиот светски снабдувач на брашно со извоз од над 3 милиони тони во 2024 година, има цел годинава да извезе над 400.000 тони брашно во Сирија, соопшти претставник на секторот, јавува Анадолу.
Ерен Ѓунхан Улусој, директор на Меѓународната асоцијација на оперативни мелничари за Евроазија (ИАОМ), за Анадолу изјави дека Туркије беше клучен снабдувач на брашно во Сирија за време на граѓанската војна, но дека извозот флуктуирал во зависност од геополитичката ситуација.
Од 19. Меѓународен конгрес на Турската федерација на индустријалци на брашно (ТУСАФ), Улусој рече дека сириските региони Идлиб и Рака станаа извозно подрачје на Туркије поради тоа што се блиску до земјата.
„Сирија ќе биде важен пазар за Туркије за зголемување на својот извоз во следните неколку години, а секторот за брашно, исто така, ќе игра улога во обновата на земјата“, нагласи тој.
Улусој истакна дека извозот на Туркије во Сирија се зголемил од 267.000 тони во 2023 година на 326.000 тони во 2024 година.