Zeynep Beyza Kılıç
28 Септември 2023•Ажурирај: 01 Октомври 2023
АНКАРА (АА) - Туркије потпиша договор со Молдавија за извоз на природен гас во земјата преку гасовод почнувајќи од 1 октомври, објави денес турската нафтена корпорација БОТАШ, јавува Анадолу.
Договорот меѓу БОТАШ и молдавската компанија East Gas Energy Trading (Ист гас енерџи трејдинг) ќе опфати извоз на два милиона кубни метри природен гас дневно во Молдавија.
Претседателот и генерален директор на БОТАШ, Бурхан Озџан, и генералниот директор на молдавската компанија, Николај Габорак, го потпишаа договорот денес.
БОТАШ продолжува да го потпомага снабдувањето со енергија на Европа со извозните договори што ги склучува еден по друг, се наведува во соопштението на компанијата за медиумите.
Туркије во текот на претходните месеци склучи договори за праќање гас во соседните земји Грција и Бугарија, како и во Унгарија и Романија.
„БОТАШ продолжува да склучува нови договори за извоз користејќи ги своите инфраструктурни инвестиции, напредниот преносен систем, географската локација и предностите што ги нуди оваа силна инфраструктура“, истакнаа од компанијата.