Deniz Çiçek Palabıyık
09 Јули 2023•Ажурирај: 11 Јули 2023
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за финансии и трезор, Мехмет Шимшек, изјави дека нема да дозволи трајно влошување на показателите на јавните финансии во Туркије во наредниот период, јавува Анадолу.
Министерот Шимшек на својот профил на социјалните мрежи објави дека ги отстрануваат раните на граѓаните предизвикани од земјотресот.
„Оваа година очекуваме издвоените средства поврзани со земјотресите да достигнат 761,7 милијарди лири, околу 3,1 отсто од националниот доход. Во тој контекст, започна изградбата на 179 илјади домови во регионот погоден од земјотресот. Планираме да испорачаме 319 илјади домови за жителите во период од една година“, рече тој.
Шимшек, исто така, истакна дека во текот на 2023 година направени се значителни подобрувања што опфатиле 15,9 милиони пензионери и 4,9 милиони вработени во јавниот сектор.
„Во наредниот период нема да дозволиме трајно влошување на показателите за јавните финансии преку контрола на буџетскиот дефицит и повторно воспоставување на фискалната дисциплина. Ги преземаме потребните мерки во таа насока. Ќе ги поддржиме напорите на Централната банка против инфлацијата преку зајакнување на хармонијата меѓу монетарната и фискалната политика“, наведе Шимшек.