Ekipa
22 Ноември 2016•Ажурирај: 23 Ноември 2016
ФРАНКФУРТ (AA) - Херберт Диес, претседателот на Управниот одбор на брендот Фолксваген, објасни дека со широко реконструирање, компанијата ќе почне да произведува електрични автомобили и дигитални технологии, како и автономни возила и 'car-sharing' (изнајмување автомобили), јавува Anadolu Agency (AA).
Диес денес на прес-конференцијата во седиштето на компанијата во Волфсбург изјави дека целта е од корен да се промени Фолксваген, за да се покријат скандалите со автомобилите кои имаат софтвер за лажирање на тестовите за емисија на гасови.
Со планот се предвидени нови инвестиции во технологијата на електрични автомоболи и софтвери, кои ќе овозможат нови начини на користење и изнајмување на автомобилите на подолг временски период. Со тоа е цел да се подигне профит од два отсто од 2015 година, на шест проценти до 2025 година.
Профитабилноста на брендот Фолксваген е во застој, додека компанијата поголемиот дел од своите приходи ги добива од луксузните брендови Ауди и Порше.