Murat Temizer
14 Февруари 2022•Ажурирај: 15 Февруари 2022
АНКАРА (АА) - Цените на природниот гас во мартовските фјучерси во Европа го започнаа првиот трговски ден од неделата со пораст од 14 отсто, поради ескалацијата на тензиите меѓу Русија и Украина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Цената на мартовските фјучерси со кои се тргува на ТТФ, онлајн тргување со природен гас со седиште во Холандија, беше затворено минатата недела на околу 77 евра за мегават-час (MWh) а се зголеми денес за 14 отсто достигнувајќи 88 евра за мегават-час.
Цената на договорите за испорака на природен гас во март се тргуваше за 83 евра денес во 10:37 часот по локално време.
Оваа ценовна стапка бележи значителен пораст во однос на истиот период минатата година, кога цените на договорите за природен гас во Европа изнесуваа околу 18 евра.
Земјите од Европската Унија (ЕУ) моментално увезуваат 90 отсто од нивните потреби за природен гас, а Русија го снабдува најголемиот дел.
Цените на природниот гас во Европа растат поради заканата за прекини во снабдувањето поради зголемените тензии на руско-украинската граница.
Џејк Саливан, советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џо Бајден, вчера изјави дека американската администрација верува оти Украина може да биде нападната од Русија во секој момент, зголемувајќи ја вознемиреноста на глобалните енергетски пазари.