Mehmet Alaca
11 Мај 2022•Ажурирај: 12 Мај 2022
СИЕТЛ (AA) - Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, заразен со новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Гејтс преку социјалните мрежи соопшти дека е позитивен на Ковид-19 и дека има лесни симптоми.
Тој нагласи дека ќе биде во изолација сѐ до оздравување од вирусот.
„Имам среќа што сум вакциниран, што имам пристап до тестови и до одличен медицински третман“, додаде тој.
Инаку, Гејтс за време на пандемијата беше адвокат за пристап на сиромашните земји до вакцини и лекови.
Фондацијата „Гејтс“ во октомври минатата година соопшти дека ќе потроши 120 милиони долари со цел зголемување на пристапот на земјите со ниски приходи до антивиралниот лек за Ковид-19 на компанијата „Мерк“.