„Селото на крокодилите“ во Буркина Фасо привлекува туристи од целиот свет
- Езерото со крокодили и неговата околина не се само туристичка атракција, туку и главен извор на егзистенција за сите жители во селото
Beşir Kelleci
03 Јуни 2026•Ажурирај: 03 Јуни 2026
photo: Beşir Kelleci / AA
БУРКИНА ФАСО
Базуле, познато како „Селото на крокодилите“ во Буркина Фасо, е вистински магнет за посетителите, јавува Анадолу.
Во ова село, сместено на 30 километри од главниот град Вагадугу, крокодилите се сметаат за свети суштества поради една легенда стара повеќе од 500 години, а локалното население со многу љубов и внимание ги чува и ги штити.
Туристите кои доаѓаат во оваа област, под будното око на чуварите, имаат прилика одблизу да ги видат крокодилите, да се фотографираат со нив, па дури и да ги нахранат за симболичен надомест.
Фотографија : Beşir Kelleci/AA
Езерото со крокодили и неговата околина не се само туристичка атракција, туку и главен извор на егзистенција за сите жители во селото.
Некои од похрабрите посетители уживаат во моментот додека нежно ги допираат крокодилите и создаваат незаборавни спомени преку фотографии.
Фердинанд Коборе, еден од жителите на селото, за Анадолу раскажа дека во езерото живеат навистина огромни крокодили.
Фотографија : Beşir Kelleci/AA
Објаснувајќи дека е строго забрането на кој било начин да им се наштети на овие животни, Каборе со почит раскажува за минатото:
„Во дамнешните времиња, бидејќи тука немало вода, жените оделе пеш по цели 30 километри за да донесат вода за своите семејства. Еден ден, додека оделе по вода, сретнале еден крокодил. Почнале да го следат и тој ги одвел право до извор со вода. Од тој ден, во знак на благодарност, строго е забрането да се убиваат крокодилите.“