Servet Günerigök
12 Март 2020•Ажурирај: 13 Март 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот актер Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон објавија дека се тестирале и дека се позитивни на новиот тип коронавирус Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во објавата на социјалната мрежа Инстаграм, Хенкс напиша дека тој со неговата сопруга се наоѓа во Австралија и дека се чувствуваат по малку изморено, како кога имаат настинка и дека чувствуваат болки во телото.
„Рита имаше некоја треска која се појавуваше и исчезнуваше. За да постапиме правилно, како што налага моменталната ситуација во светот, се тестиравме на коронавирус и излезе дека сме позитивни“, изјави Хенкс.
Брачниот пар ќе биде тестиран, под надзор и во изолација, сè додека тоа го налага јавното здравство.
Коронавирусот, официјално познат како Ковид-19, за првпат беше откриен минатиот декември во Вухан, Кина, но оттогаш се прошири во над 114 земји.
Според СЗО, од коронавирусот досега починаа над 4.600 лица, а во над 114 земји во светот се регистрирани над 125.000 потврдени случаи со вирусот.
Светската здравствена организација (СЗО) прогласи глобална пандемија.