Vesna Besic
03 Октомври 2023•Ажурирај: 04 Октомври 2023
МУСКОКА (АА)
Во канадската област Мускока започна бербата на брусница, известува Анадолу.
Сезоната на берење брусница почнува кон крајот на септември и трае до средината на октомври. Природно живеалиште на брусницата се киселите, мочурливи земјишта во Северна Америка.
За да биде исплатливо нејзиното производство, потребна е соодветна комбинација на климатски услови, состав на земјиштето и количество влада, при што особено се значајни карактеристиките на земјата и водата.
03.10.2023 Берба на брусница во Канада
МУСКОКА - Во канадската област Мускока започна бербата на брусница. Сезоната на берење брусница почнува кон крајот на септември и трае до средината на октомври. Природно живеалиште на брусницата се киселите, мочурливи земјишта во Северна Америка.
Брусницата е специфичен вид овошје, а постојат американска и европска брусница. За разлика од повеќето други видови овошје, коренот на брусницата може да издржи подолг период под вода.
Обично брусницата се сади на мочурливи подрачја. Тие, главно, се покриени со вода или снег во текот на зимата.