????? ????????
24 Октомври 2015•Ажурирај: 25 Октомври 2015
БЕЛГРАД (АА) - Последните подготовки за концертот на босанскиот поп пеач Дино Мерлин во белградската Комбанк арена 24. и 25. октомври се во тек. Најголемата сала на Балканот ќе биде домаќин на околу 40 илјади фанови кои во тек на две концертни вечери, во тек на кои, судејќи по се, Мерлин ќе го повтори спектаклот од 2011 година.
Оваа година и за Дино е воедно и јубилејна- пред точно 30 години ја сними својата прва плоча со бендот Мерлин, од кој се издвои песната “Кокузна времена”, која е и денеска една од омилените.
Сопственикот на десетици хитови и милениот на сите генерации за Белград подготви репертоар од 30 песни, вклучувајќи ги и песните од новиот албум Хотел национал, кои веќе го најдоа патот до срцата на публиката, за што сведочат и милионските прегледи на интернет, најавија денеска организаторите на концертот.
Мерлин, кој публиката секогаш знае да ја израдува со нови аранжмани и прекрасни гости инстументалисти, овој пат на сцена ќе го придружуваат 20 музичари. Сценскиот спектакл ќе го дополни и врвно осветлување, а случувањата на сцената ќе бидат проектирани на сферен ЛЕД екран.
Белградската полиција соопшти дека во соработка со организаторот, службите за обезбедување и екипите на брза помош, ќе ги спроведе сите потребни мерки за да концертот се одвива во најдобар ред.
Дино Мерлин пред четири години во Беглрад, го одржа првиот концерт после распадот на Југославија и со три концерти го собори рекордот во Конбарк арената.
И покрај проценките на ризикот и тогашните протести на десничарските организации, концертите се одржани без инциденти.