Amina Zorniç
07 Јануари 2016•Ажурирај: 09 Јануари 2016
САН ФРАНЦИСКО (АА) - По повеќемесечниот судски спор, Федералниот суд во Сан Франциско пресуди дека мајмунот кој направи селфи фотографија нема авторско право за неа, јавува Anadolu Agency (AA).
Светската организација за заштита на животните PETA ја загуби правната битка во случајот со мајмунот Нарута кој 2011 година на индонезискиот остров Сулавеси ја грабнал камерата и направил селфи фотографија која го насмеала светот. Во септември минатата година "PETA" покрена тужба на американскиот суд за да Наруто ги добие авторските права на фотографијата која ја направил сам. Со тоа, како тврдеа од оваа организација, целиот приход од оваа фотографија објавена во светските медиуми би го добил Наруто.
Американскиот судија Вилјам Орик денеска пресуди дека Наруто не може да ги поседува авторските права на фотографијата бидејќи неа не ја направило лице туку животно.
Наруто се фотографирал со фотоапарат на британскиот фотограф Дејвид Слатер кој твдеше дека токму тој ги има правата на фотофрафијата.
Поради сличните необични судски парници, американската "Copyright Office" за заштита на авторските права минатата година издаде прописи кои ги регулираат авторските права само за оние дела кои ги направиле луѓето. Прецизирано е дека за било какво дело кое ќе го направат било кои видови на животни, нема основа за барање на авторски права.