Stipe Mayiç
28 Април 2016•Ажурирај: 29 Април 2016
ЗАГРЕБ (AA) - Сојузот на самостојни синдикати на Хрватска (ССХ) организираше во паркот Зрињевац протестен перформанс "Кажи им го тоа на чевлите: протест на оставените чевли", на кој граѓаите до 18 часот ќе можат да ги остават старите чевли во нак на протест против иселувањето од Хрватска. Чевлите на крај ќе им бидат донирани на оние на кои им се потребни, јавува Anadolu Agency (AA).
На самиот почеток на протестите синдикалистите на стазата која води кон павиљонот во паркот Зрањевац изложија повеќе од стотина пара чевли, а до крајот на перформансот се очекува да има уште повеќе.
Со чевлите, изложени се и написи кои говорат за иселувањето: „2015. година во Германија се исели град голем колку Вараждин“, „Заминувам од тука бидејќи апсолутно не гледам никаква перспекива", „Своите најдобри професионални години не сакам да ги потрошам во држава која ја дефинираат како корупција, непотизам и непочитување на знаењето. Марко" , и т.н.
Дијана Шогота, извршен секретар на ССХ, порача дека главна цел на овој перформанс е да се укаже на големиот број луѓе кои се иселуваат од Хрватска, бидејќи во последните десетина години од Хрватска емигрираа повеќе од 111.000 лица, со тоа што од почетокот на кризата, од 2009 година, емигрираа повеќе од 80.000 граѓани. Шогота рече дека се работи за службени бројки, но дека реалните цифри се далеку поголеми.
„На луѓето им е доста да се третираат како робови и да се потценува нивната работа", порачува Шогота.
Овој симболичен протест има и хуманитарен карактер, бидејќи сите чевли кои се во употреблива состојба на крај ќе им бидат донирани на бегалците и бездомниците, а оние кои се за повторна употреба, ќе бидат рецикрилани.
Според податоците на Државниот завод за статистика на Хрватска, невработеноста е дури третата причина за заминување од Хрватска. На првото место се платата (80 проценти) и подобри услови за работа (31 процент). Поради платата и условите највеќе заминуваат високообразованите, а меѓу нив има и многу од они кои веднаш заминуваат по завршување на студиите, пред воопшто да дојдат до пазарот на трудот.