Amina Zorniç
01 Декември 2015•Ажурирај: 03 Декември 2015
САРАЕВО (АА) – Со падот на температура и доаѓањето на зимата човечкото тело се менува и постепено се прилагодува на надворешните фактори. Сето ова влијае на неговото здравје. Сепак, тајната за зачувување на здравјето лежи во способноста на човекот да се адаптира на промените кои се случуваат во природата. Како што се прилагодуваме со облеката, исто треба да се храниме во зависност од тоа во кое годишно време се наоѓаме.
Нутриционистот Амела Ивковиќ О'Рајли, член на Здружението на Нутриционистите од Ирска и Велика Британија, во интервју за АА објаснува за тоа како да се зајакне имунолошкиот систем во текот на зимата
"Некои типови на храна и начинот на нивната подготовка го загреваат нашето тело. Здравиот начин на живење е најдобар да се зајакне имунолошкиот систем. Тоа значи јадење на здрава исхрана, доволно одмор, редовно вежбање, пиење многу течности и избегнување на стрес", вели О'Рајли.
Меѓу храна која се препорачува за зимска употреба е леќата, која во прилог може да се подготвува како замена за ориз. Кујна во текот на студените зимски месеци е збогатена со состојки кои го подобруваат варењето на храната истовремено чистејќи го телото од отрови. Таква храна се зелка, морков, карфиол, кромид, домати, цвекло и пиперки.
Конзумирањето на храна кои не одговараат на телото во текот на зимските месеци и ниски температури, обично резултира со пад на имунитетот како настинка или грип.
О'Рајли вели дека во групата на храна која го јакне имунитетот е портокалот, лимонот и грејпфрутот.