İlayda Çakırtekin
01 Јуни 2026•Ажурирано: 01 Јуни 2026
Велика Британија забележа значително намалување на употребата на вејпови (електронски цигари) за еднократна употреба една година по владината забрана на овие производи, открива анкетата цитирана од Скај њуз денес, јавува Анадолу.
Податоците од анкетата на агенцијата „ЈуГов“ покажаа дека само 13% од тинејџерите (на возраст од 11 до 17 години), кои користат електронски цигари, сè уште купуваат од оние за еднократна употреба. Тоа е огромен пад во споредба со времето пред забраната во 2025 година, кога таа бројка изнесувала дури 42%.
Овој процент, исто така, е многу помал во споредба со 2023 година, кога употребата на овие цигари беше на највисоко ниво и изнесуваше дури 69%.
Анкетата откри и намалување на употребата на електронски цигари за еднократна употреба кај возрасните. Само 8% од возрасните што вејпуваат изјавиле дека главно користат производи за еднократна употреба, што е пад од 24% во 2025 година и 31% во 2023 година.
Наодите сугерираат дека забраната помогнала да се намалат популарноста и достапноста на електронските цигари за еднократна употреба, иако, според Скај њуз, милиони од нив наводно сè уште се фрлаат и покрај оваа мерка.