Büşra Nur Bilgiç
13 Декември 2019•Ажурирај: 14 Декември 2019
АНКАРА (АА) - Германската канцеларка, Ангела Меркел, деветти пат по ред се наоѓа на врвот на листата на 100-те најмоќни жени објавена од списанието „Форбс“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Списанието „Форбс“, со седиште во САД, годишно објавува листа на 100 најмоќни жени во светот.
Канцеларката на Германија, Ангела Меркел, ја зазеде лидерската позиција на листата на најмоќни жени во светот. Зад неа следуваат претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, и новата претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.
Ѓулер Шабанџи од Турција, прва жена која го води нејзиниот фамилијарен бизнис „Шабанџи холдинг“, е рангирана на 73. место.
Кралицата Елизабета Втора е на 40. место, додека Иванка Трамп, ќерка и советник на американскиот претседател Доналд Трамп, се најде на 42-то место.
Шеснаесетгодишната климатска активистка Грета Тунберг, исто така, се наоѓа на листата на 100 најмоќни жени за 2019 година. Таа беше избрана и за „Личност на годината“ од магазинот „Тајм“.