Нова трагедија во Егејското Море: Кaj Бодрум пронајдено тело на 4-годишно девојче
- Телото на девојчето Сена, беше пронајдено синоќа, на брегот, во близина на малиот остров Каталада, од страна на адвокатот Горај Карадут додека рекреативно пешачелAli Ballı
23 Ноември 2015•Ажурирај: 24 Ноември 2015
МуглаМУГЛА (АА) - Адвокат од Бодрум, вчера на брегот на Егејското Море, пронашол безживотно тело на четиригодишно девојче,јавува Anadolu Agency (AA).
Чамец со илегални мигранти вчера потона во Егејското Море, при што исчезнаа 15 лица.
Телото на девојчето Сена, беше пронајдено синоќа, на брегот во близина на малиот остров Каталада, од страна на адвокатот Горај Карадут додека рекреативно пешачел . Во изјавата за АА рече дека тоа е шокантна сцена која со зборови не може да се опише.
По неговата дојава, на местото пристигнала крајбрежната стража која го извлекла телото на девојчето заглавено во карпите.
Нирван Хасан, преживеан сведок од потонувањето на бродот мигранти, го идентификувал девојчето.
Карадут,правник по професија и рекреативен рибар и нуркач, истакна дека со години нурка и гледа многу предмети на морското дно кои им припаѓаат на бегалците, крвта му се заледувала секој пат кога гледал детски обувки и алишта на дното.
„Секогаш кога гледам детски чевли, веднаш гледам дали негде се и нозете на детето. Она од што со години се плашев, минатата ноќ се случи. Временските услови беа лоши и дуваше силен ветер. Отидов на прошетка вдолж брегот. Првин ги видов детскитечевли, а потоа сфатив дека се работи за дете. Се јавив во крајбрежната стража, и тие веднаш дојдоа “, рече Карадут.
Во почетокот на септември, водите на Егејското Море на брегот во Бодрум го исфрлија телото на детето Ајлан Курди. Фотографијата од телото на Ајлан предизвика остри реакции од јавноста и укажа на проблемите со кои се соочуваат мигрантите, кои бегаат од војната, главно од Сирија и Ирак, во потрага по подобар живот, претежно во земјите од Западна Европа.