Emel Öz Gözellik
25 Декември 2018•Ажурирај: 25 Декември 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Познатиот американски актер Кевин Спејси, кој од претходно е обвинет за сексуално вознемирување на 18-годишник, на 7 јануари ќе излезе пред суд, пренесува Anadolu Agency (AA).
Обвинителот во регионот Кејп Код и островите, Мајкл Окиф, изјави дека 59-годишниот глумец Спејси на 7 јануари 2019 година ќе биде изведен пред суд во врска со обвинението од 2016 година за сексуално вознемирување на 18-годишник во еден бар во американската сојузна држава Масачусетс.
Окиф рече дека во случај Спејси да биде прогласен за виновен, му се заканува затворска казна во времетраење до 5 години.
Спејси во врска со случајот објави видеоснимка на социјалните мрежи, во која порача „нема да платам цена за нешто не сум сторил“, што воедно беше и негова прва реакција откога е соочен со обвинувањата.
Освен овој случај, и американскиот актер Ентони Реп го изнесе тврдењето дека уште во 1986 година, кога имал 14 години, бил вознемируван од страна на Спејси во неговиот дом.
По овие обвинувања, продукциската компанија „Netflix“ ја отстрани од емитување популарната телевизиска серија „Куќа од карти“ (House of Cards), во која Спејси толкува една од главните улоги. Академијата на телевизиски уметности и науки, подоцна ја повлече и наградата „Еми“ (Emmy), која оваа година требаше да му биде доделена токму на Кевин Спејси.