Sinan Yiter
05 Декември 2015•Ажурирај: 06 Декември 2015
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Поплавите предизвикани од силното невреме кое веќе трета недела ја погодува област на Тамил Наду во јужна Индија, однесе уште 18 животи, јавува Anadolu Agency (АА).
Вода ја поплави болницата, го уништи агрегатот, а како резултат на тоа загинаа 18 пациенти поради недостаток на електрична енергија.
- Здравствените работници велат дека веќе подолго време поради поплавите немаат електрична енергија и се принудени да работат со користење на агрегати. Но, откако водата влегла во делови од просториите, агрегатите биле уништени. Како резултат на тоа, починале 18 пациенти кои се наоѓале на интензивна нега.
Од Министерството за здравство, изјавија дека е покрената истрага во врска со овој случај и дека ќе го најде одговорното лице доколку постои. Во акцијата за пребарување и спасување се придружија и припадниците на Армијата на Индија кои работат за да ги спасат жителите заробени во зградите. Во Индија, особено во сезоната на мусунските дождови, животот го загубија голем број на луѓе.