Vesna Besiç
08 Јули 2017•Ажурирај: 09 Јули 2017
САРАЕВО (АА) - Гери Кремер работел како хирург во холандскиот баталјон во Поточари, пред падот на Сребреница во јули 1995 година. Настаните од Сребреница во ’95 година оставиле белег во неговиот живот. На многу начини, изјави за Anadolu Agency (AA), тие се обиделе да им помогнат на невините цивили. Сепак, понекогаш тоа било и неизводливо.
Кремер по таа кобна 1995 година неколкупати се вратил во Сребреница. Двапати учествувал во мировен марш организира во чест на илјадници мажи и момчиња кои не го преживееа патот на надежта од Сребреница до слободната територија.
Поранешниот холандски хирург овие денови се обидува да добие информации во врска со момчето кое го оперирал во февруари 1995 година во Сребреница. Неговото име е Хасан Мехмедовиќ, а Кремер сака да знае дали тој го преживеал геноцидот во Сребреница.
„Хасан го запознав во февруари 1995 година. Имаше проблем со раката и ми го испрати д-р Илјаз Пилав“, изјави Кремер за АА.
Хасан имаше рана од граната на раката.
„Неговата радијална коска беше скршена и останатите делови не беа поврзани. Го оперирав, му ја стегнав радијалната коска со плоча и завртки и трансплантирав во тој дел коска од колкот. Му ставив и гипс, кој му го отстранив по шест месеци“, изјави Кремер.
Гипсот од раката му беше изваден пред падот на Сребреница. Хасан останал длабоко врежан во меморијата на Кремер и сака да знае дали тој успеал да го преживее геноцидот во Сребреница.
„Сакам да го пронајдам, сакам да знам дали е жив и дали неговата рака закрепнала“, изјави Кремер.
Поранешниот холандски хирург за шест месеци, колку што помина во Сребреница во 1995 година, направи многу операции во болницата во овој град и во Поточари.
На Маршот за мир се приклучи во 2005 година и во 2010 година. Исто така, двапати ја посети Сребреница, последен пат во февруари оваа година.
„Сите овие настани многу влијаеја врз мојот живот. Сѐ уште имам многу сеќавања и спомени. Најтажниот момент беше кога еден татко ни го даде неговото мало дете да се погрижиме за него бидејќи мораа да ги разделат“, се сеќава Кремер.
Тоа девојче многу години подоцна беше пронајдено во Сребреник, каде што живееше со својата мајка. Таткото никогаш не се врати, бидејќи не го преживеа геноцидот во Сребреница.