Tufan Aktaş
27 Јануари 2022•Ажурирај: 28 Јануари 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Во Националниот парк „Мурчисон“ во Уганда, слон прегази турист во моментот кога тој излегувал од сопственото возило, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста објавена на ТВ-каналот Уганда НТВ (Uganda NTV), Ајман Сајед Елшахани, државјанин на Саудиска Арабија кој патувал од Масинди кон Аруа со тројца пријатели, бил прегазен од слон кога излегол од своето возило.
Елшахани починал на самото место.
Администрацијата на Дивиот свет на Уганда (UWA) соопшти дека ќе бидат разгледани безбедносните протоколи за да се осигура дека ваков инцидент нема да се повтори.
Туристите кои ги посетуваат националните паркови може да се соочат со овој вид напади или несреќи доколку не ги почитуваат безбедносните правила.