Servet Günerigök
12 Април 2020•Ажурирај: 12 Април 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Бројот на починати од новиот вид коронавирус во Соединетите Американски Држави (САД) рано утрово премина 20.000, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“, бројот на смртни случаи достигнал 20.608, а бројот на потврдени случаи 529.951.
САД имаат најголем број починати од коронавирусот во светот, по Италија со 19.468 и Шпанија со 16.606.
Според податоците, во САД се излекувани речиси 32.000 пациенти.
Државата Њујорк продолжува да биде епицентарот со над 8.600 смртни случаи, по што следува Њу Џерси со речиси 2.200.
Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот изјави дека земјата ќе бележи помал број смртни случаи во споредба со претхоно предвидената бројка од 100.000.
„Минималниот број беше 100.000 животи и мислам дека ќе имаме значително под тој број“, рече Трамп пред новинарите во Белата куќа.
„Гледаме јасни знаци дека нашата агресивна стратегија спасува безброј животи“, додаде тој.
Севкупно, вирусот се прошири во околу 200 земји, заразени се над 1,7 милион луѓе откако вирусот првпат се појави во кинескиот град Вухан кон крајот на минатата година. Бројот на смртни случаи во светот изнесува 108.804, додека речиси 405.000 пациенти се излекувани.