Nuri Aydın
24 Април 2020•Ажурирај: 25 Април 2020
АНКАРА
Бројот на заразени со новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 2,8 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Најмногу случаи се откриени во САД, каде вкупно 903.775 лица се заразени со Ковид-19.
По САД следуваат Шпанија со 219.764 случаи, Италија со 192.994 случај, Франција со 159.828 случаи, Германија со 154.159 случаи, Велика Британија со 143.464 случаи, Турција со 104.912 случаи и Иран со 88.194 случаи.
Во Кина кадешто за прв пат се појави овој вирус, откриени се 82.804 случаи.
Земји со повеќе од 10.000 регистрирани случаи, според „Worldometer“ се:
„Русија (68.622), Бразил (51.073), Белгија (44.293), Канада (43.551), Холандија (36.535), Швајцарија (28.677), Индија (24.434), Португалија (22.797), Еквадор (22.719), Перу (21.648), Ирска (18.184), Шведска (17.567), Саудиска Арабија (15.102), Австрија (15.071), Израел (14.882), Јапонија (12.975), Чиле (12.306), Сингапур (12.075), Мексико (11.663), Пакистан (11.155), Полска (10.892), Јужна Кореја (10.708) ve Романија (10.417)“.
Како резултат на епидемијата починаа 195.438 лица низ целиот свет, додека излекувани се 775.988 лице што беа заразени со вирусот. Во моментов во светот се наоѓаат 1.830.223 активни случаи со Ковид-19.