Hasan Esen
13 Декември 2021•Ажурирај: 14 Декември 2021
ЛОНДОН
Практиката на работа дома, која беше една од првите мерки на почетокот на епидемијата во Велика Британија, се врати повторно поради варијантата Омикрон на Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во земјава бројот на случаи на Омикрон достигна 3.000, затоа владата премина на „план Б“. Покрај тоа, стана задолжително носење маски во повеќето затворени места, како што се театри и кина, по пазари и возила за јавен превоз.
Во земјата исто така за прв пат се воведени и пасоши за вакцинација. При влегување во места како што се ноќни клубови каде се собираат многу луѓе, ќе се побара документ што покажува дека лицето има најмалку 2 дози или негативен корона тест. Ова правило ќе важи за затворени простори со повеќе од 500 луѓе, отворени простори со повеќе од 4.000 луѓе и секое место со повеќе од 10.000 луѓе.
Покрај овие мерки, од денеска повторно почна мерката од дома. Упатството на владата ги повика „канцелариските работници работата да ја продолжат од дома, доколку можат“.
На првиот ден утрото се забележува дека во возилата за јавен превоз и станиците има помалку патници во споредба со другите денови.
Во земјата по брзото зголемување на случаите со варијанта Омикрон вчера нивото на тревога беше подигнато од 3 на 4.
Министерот за здравство Sajid Javid соопшти дека варијантата Омикрон се шири многу побрзо од другите варијанти и дека околу 1 милион случаи на Омикрон може да бидат регистрирани до крајот на овој месец.
Експертите предупредија дека од 25.000 до 75.000 луѓе во земјата би можеле да ги загубат животите доколку не се преземат драстични мерки против варијантата Омикрон.
Велика Британија е земја со најголем број смртни случаи од Ковид-19 во Европа со 170.000 смртни случаи.
.