Ahmet Dursun
18 Април 2020•Ажурирај: 18 Април 2020
АНКАРА (АА) – Во Иран, во изминатите 24 часа од последиците на коронавирусот Ковид-19 починаа 73 лица, со што вкупниот број на починати се искачи на 5.031, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за здравство на Иран, Кијануш Џиханпур, во изјавата за државната телевизија истакна дека во последните 24 часа, од Ковид-19 во земјата починале уште 73 лица, а во истиот период евидентирани се нови 1.374 случаи на коронавирусот.
Со последните евидентирани бројки во Иран вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 5.031, додека вкупниот број на заразени ја достигна бројката од 80.868.
Тој истакна дека состојбата на 3.513 заразени кои се лекуваат во болниците е критична.
Џиханпур изјави дека во текот на изминатите 24 часа, 1.923 пациенти се излекувале и дека бројот на излекувани во земјата се зголемил на 55.987.
Според податоците на иранското Министерство за здравство, во последните седум дена, бројките на смртни случаи и новозаразени од Ковид-19 се намалени.